Јас и твојата мајка ќе се разведеме (Никогаш не ја потценувај мудроста на постарите луѓе)

Еден постар човек од Оклахома му се јавил на својот син во Њујорк и му рекол: „Синко, извини што ти го уништив денот, но морам да ти кажам дека мајка ти и јас се разведуваме; 45 години брак…и после толку мачење морам да кажам дека е готово“.

Тато, што зборуваш?, викнал синот на цел глас. Веќе не се поднесуваме, објасни таткото. Се повредуваме еден со друг и веќе ми е лошо да зборувам за тоа. Затоа јави се на сестра ти во Хонг Конг и кажи ѝ го ова“. Синот веднаш и се јавил на својата сестра, која „експлодирала“ преку телефон.

Зошто по ѓаволите сега се разведуваат, беснеела таа. „Јас ќе се погрижам за ова“. Таа веднаш му се јавила на својот татко и почнала да му вика „Не се разведуваш! Не прави ништо додека не дојдеме до тебе. Пак ќе му се јавам на брат ми, а утре ќе дојдеме и двајцата

Дотогаш, не ни помислувајте да направите нешто, јасно ли е?!“, спуштајќи ја слушалката во бес. Старецот ја спуштил слушалката и се свртел кон сопругата.

„Се е средено“, рече тој. „Двајцата доаѓаат за славата наша и си плаќаат на свој начин. Научена лекција: Никогаш не ја потценувајте мудроста на постарите луѓе.