Го реновирале таванот на својата куќа, па пронашле скриена торба со долго чувана тајна!

Меган Капсидис и нејзиниот сопруг Боби живеат во иста куќа на Флорида околу 8 години. Така Боби решил да ја реновира кујната и во текот на работата открил неверојатна мистерија.




Боби го поправаше таванот кога од него падна женска чанта на која пишуваше „Крокодилска кожа. Произведено во Куба.“ „Кога собори дел од таванот, таа торба падна и го удри во лицето“, изјави Меган за Pix11.




Но, тоа не беше се. Пронајдоа и свадбен албум од пред 50 години. Тоа беше свадбата помеѓу Џозеф и Маргерит Гаргило од Бруклин, Њујорк.




Тие волшебни стари фотографии беа увид во едно прекрасно минато. За многумина од нас кои не пораснале во тоа време, секогаш е интересно да се види каков бил животот на нашите постари роднини.
Парот ги објави сликите на Фејсбук, надевајќи се дека ќе најде семејство од нив. Го нашле бројот на семејството кој за жал бил нерегистриран.




Откако ја споделија својата приказна (и со помош на Inside Edition), парот успеа да ја најде Маргерит, која беше сместена во старечки дом во Флорида. За жал, Џозеф починал поради Паркинсонова болест.
Меган и Боби се надеваат дека ќе го вратат албумот на Маргерит или на некој член од семејството.




„Среќна сум што ќе му ја вратиме на еден од нив… тоа не е нешто што треба да се фрли“, рече Меган.




Споделете ја оваа приказна со вашето семејство и пријатели на Фејсбук.