Нејзината цел е – 105! Кристина (24) се омажи за МИЛИОНЕР и има 22 деца: немаме намера да престанеме! (ФОТО)

Таа открила и дека неделно консумира по 20 големи пакувања пелени.




Русинката Кристина Озтурк живее се, но не и типичен живот на млада мајка.
Првото дете го родила на само 17 години, а денес, седум години подоцна, има дури 22 деца.




Кристина се омажи за милијардерот Галип Озтурк, кој е повеќе од 30 години постар од неа, кој го запознала на одмор во Грузија.




Од претходната врска имала мало девојче Вика, а другите деца ги добила и Галип со помош на сурогат мајки. За оплодување на овој начин досега потрошиле над 250 илјади КМ и немаат намера да престанат.




Кристина вели дека отсекогаш сонувала да има големо семејство, а сфатила дека тоа може најбрзо да го постигне со помош на сурогат мајчинство.




„Моите денови никогаш не се здодевни. Секој ден е различен. Играме, пазаруваме и правиме се друго што прават другите родители“, вели оваа млада мајка на која и помагаат 16 дадилки.
Таа открила и дека неделно консумира 20 големи пакувања пелени и 53 кутии формула.




Таа додаде дека нејзината желба е на крајот да има 105 деца.