Шефот го нашол вработениот како “полудува” наместо да чисти, неговата реакција го направи тотална легенда(ВИДЕО)

Иако беше објавено на Јутјуб на крајот на ноември минатата година, дури сега на бројни светски портали кружи генијалното видео создадено во еден од јужнокорејските локали.

Накратко прераскажан, покажува вработена која играла на крајот од работното време, убедена дека е сосема сама, но и реакцијата на нејзиниот шеф, кој во меѓувреме се украде за да направи доцна контрола.

До овој момент видеото собра дури десет милиони прегледи и предизвика голем број позитивни коментари.

Имено, реакцијата на сопственикот на барот ги воодушеви сите, а ние ќе застанеме тука и ќе ве оставиме сами да го погледнете големото финале.

Искрено? Прилично е тешко да се процени дали видеото е автентично или е некој вид на вирален маркетинг, но сепак носи убава порака и поттикнува танцување, забава и уживање во животот.

Песната од снимањето е голем хит на групата ITZY, се вика „Loco“, а од септември има над 170 милиони прегледи.