„Еве зошто сте сиромашни!“: Изјава од еден од најбогатите Кинези

Сиромашните луѓе се најлошите работници, изјави тој, а неговото објаснување налути многумина.

Основачот на кинеската платформа за онлајн шопинг Alibaba, најбогатиот Кинез, Џек Ма Јунг изјави дека најлошите работници се сиромашните луѓе.

Џек Ма Јунг
„Дајте им бесплатно, тие мислат дека тоа е стапица.

Кажи им дека е мала инвестиција, ќе речат дека не можат многу да заработат.

Дајте им предлог да инвестираат повеќе, ќе речат дека немаат пари.

Предложете им да пробуваат нови работи, ќе се жалат дека немаат искуство.

Кажете им дека тоа што го работат е традиционална работа, ќе речат дека е тешко да се работи.

Ако им кажете дека тоа што го прават е нов бизнис модел, тие ќе речат дека тоа е MLM маркетинг (метод на дистрибуција во кој компанијата ги продава своите производи преку независни дистрибутери на крајните клиенти)“, изјави еден од најбогатите луѓе во Кина, додавајќи:

„Ако, пак, им предложите да отворат продавница, ќе се жалат дека немаат слобода.

Кога ќе им предложите да започнат нов бизнис, ќе ви кажат дека не се доволно вешти“.

Ма Јунг исто така рече дека сиромашните луѓе сакаат да прашуваат „Гугл“ за сè, да слушаат пријатели кои се безнадежни како и тие. Мислат повеќе од универзитетски професор, а помалку прават од слеп“, е неговото мислење.

„Само прашајте ги што прават и нема да можат да ви одговорат“, рече тој.

♣ На крајот тој го кажа својот заклучок:

„Наместо да ви чука срцето побрзо, зошто едноставно не дејствувате малку побрзо?

Наместо само да размислувате за нешто, зошто да не направите нешто за тоа?

Сиромашните луѓе не успеваат поради едно обично однесување:

Целиот нивен живот е на чекање!“