Посвоив момче, како што растеше се повеќе и повеќе личеше на мојот сопруг – Почнав да се сомневам и го однесов да го испитам тоа, а тоа што го дознав ме вчудоневиди

Како што растеше и сега кога има седум години, членовите на семејството и пријателите секогаш коментираа колку личи на нашите други деца и не можеа да поверуваат дека е посвоен. Дури се пошегував дека можеби е син на мојот сопруг, на што тој секогаш се смееше“, се сеќава жената, пишувајќи на Редит.




Кога на 41-годишната мајка и рекле дека откако ќе има три ќерки и еден син, нема да може да има повеќе деца поради здравствени проблеми, таа веднаш се договорила со сопругот да го посвои петтиот. Дури неколку години подоцна, кога момчето што го посвоиле малку пораснало, таа ја открила шокантната вистина.




Во времето кога разговарале за посвојување, нејзиниот сопруг Дејв живеел во странство. Тој и предложил на сопругата да размислат за меѓународно посвојување и ја подготвил документацијата, на што таа веднаш се согласила. Набрзо во домот на седумчленото семејство пристигнал и осмиот член, момчето Кален.




Како што растеше и сега кога има седум години, членовите на семејството и пријателите секогаш коментираа колку личи на нашите други деца и не можеа да поверуваат дека е посвоен. Дури и јас се пошегував дека можеби е син на мојот сопруг, на што тој секогаш се смееше – се присетила жената која пишувала на Редит.




Меѓутоа, додека ги преместувала важните документи во новиот сеф, нешто во врска со документите за посвојување наеднаш и станало чудно, па испратила примероци од сопругот и момчето на ДНК анализа. Резултатите покажаа дека Дејв е навистина биолошкиот татко на Кален. Го сакам ова дете со целото мое срце, но ми е гадно да знам дека мојот сопруг ме изневерувал и потоа ми го донесе Кален како некое случајно дете што го посвоивме.




Ќе останам во животот на Кален затоа што сум му мајка, но не можам да поднесам да го гледам Дејв знаејќи дека ме изневерил и ме излажал. Поднесов барање за развод – заклучила жената.




Други корисници ѝ предложиле да оди на брачно советување со сопругот и да ги реши проблемите што ги има, додека други остро го осудиле таткото што чува тајна од сопругата.