ВИДЕО: Му ја вратила кутијата со расипани колачи на слаткарката: Следел шок кога ја отворила!

Освен што е вредна мајка на четири деца, Шерон води и слаткарница.




Но, минатата година ја погодија серија трагедии.
ѝ бил дијагностициран рак на јајниците, нејзиниот помал брат починал, а најмладиот син има дегенеративна болест.




Поради насобраните болнички сметки, Шерон доцни со плаќањата за продавницата, а не може ни да поминува време со своите деца колку што сака.
Откако една локална австралиска радио станица слушнала за нејзината приказна, решиле да и приредат големо изненадување.




Водителката глумејќи незадоволен муштерија влегла во нејзината слаткарница и се пожалила на расипаните колачи.
Скриена камера ја сними реакцијата.




И покрај сериозните замерки, Шерон реагираше позитивно и пред се крајно професионално.
Менаџерот/клиентот и рекол сама да ги проба колачите во кутијата и таа ќе види дека се расипани.




Но, кога Шерон ја отворила кутијата… Во неа нашла 10.000 долари! Видеото веќе го погледнале над пет милиони луѓе.