Работи на огромен брод, а нејзината соба го шокира целиот свет – Покажа каде живее таа во тој огромен брод (ФОТО)

Кајли живее и работи на најголемиот брод за крстарење во светот „Wonder of the Seas“ на компанијата Royal Caribbean и редовно го документира своето секојдневие и го објавува на социјалните мрежи.

Таа работи како аниматор за деца на крстарењето, а на својот тикток покажа како навистина изгледа нејзиниот живот на бродот. „Тоа е можеби најголемиот брод за крстарење во светот, но кога станува збор за кабините на екипажот, тие се сè само не големи“, рече Кајли во нејзиното видео за TikTok.

Во едно видео, Кејли ја покажа кабината што ја дели со друг вработен на бродот, која е навистина мала. Во кабината имаат кревет на спрат, мала бања, плакар во кој речиси ништо не собира, немаат прозорци бидејќи се резервирани за гости кои плаќаат многу за крстарење.

Бањата е толку мала што може наеднаш да ги миеш забите преку мијалникот, да ги избричиш нозете под туш и да вршиш нужда – рече таа и додаде дека таа и нејзината цимерка, иако живеат на мал простор, добро се снаоѓаат и се задоволни. .

Во еден дел од кабината има елеци за спасување на кои ставаат чанти, а под телевизорот чуваат вотка и грицки. Кејли спие на долниот кревет, а нејзината цимерка Пем на горниот кревет. Имаат и мал фрижидер во кабината. Кејли се уште е во шок што успеала да ја складира целата своја облека и други потреби во толку мал плакар.

Девојката открила дека работата на брод за крстарење има и многу убави страни. Освен што заработува многу пари и запознава многу нови луѓе, таа истражува и различни места низ светот.

На бродот за крстарење, таа има пристап и до салата за екипаж, каде што редовно вежба. Можеме да ја користиме и гостинската теретана, но понекогаш салата за екипаж е потивка – рече таа, пренесува The Sun.