Поради ретка болест завршиле во старечки дом, а таму се случило нешто прекрасно

Поради ретка болест овие две лица завршиле во дом за стари лица, а таму се случило нешто прекрасно. Откако лекарите им дијагностицирале ретка генетска болест која на крајот ги оставила во инвалидски колички, Мет Викс (49) и Сара Смутер (38) од Кловердејл, Индијана, се плашеле дека никогаш нема да најдат среќа во љубовта.




И Мет и Сара беа погодени од Хантингтоновата болест, ретко генетско и наследно пореметување на мозокот кое погодува еден од 10.000 луѓе.
Симптомите на болеста најпрво се појавуваат поради губење на клетки во одредена област на мозокот, но како што болеста напредува, таа ги зафаќа и другите делови на мозокот и ‘рбетниот мозок. Се јавуваат неконтролирани движења, нарушувања во однесувањето и влошување на емоционалната состојба. Повеќето пациенти живеат помеѓу 10 и 25 години по дијагнозата.




Дијагностицирањето на Сара и е на 30-годишна возраст. Прво почнала да забележува грчеви и почести паѓања, а потоа се соочила со депресија, анксиозност и опсесивно-компулсивно растројство. Иако дијагнозата била и еден вид олеснување, бидејќи конечно знаела што и е, тешко се помирувала со болеста и поради неа неколку пати се обидела да си го одземе животот.




Како последица на Хантингтоновата болест, нејзиниот татко починал на 48-годишна возраст, а пред него нејзината баба и прабаба. Пред дијагнозата завршила две магистерски студии и работела во одделот за продажба на издавачка куќа. Таа беше мажена, но бракот заврши со развод, делумно поради тоа што не сакаше да има деца поради здравствените проблеми што ја мачеа.




Мет порано беше инженер за звук и работеше со познати експерти во областа. Дијагностицираната му била на 34-годишна возраст. Неговата мајка Барбара веќе се бореше со болеста. Неколку години претходно неговите роднини ги забележале првите знаци на болест, кога тој имал проблеми со организирање на својот живот. Раскинал со својата девојка, ја напуштил работата во музичката индустрија и отишол да живее со својот татко. Постепено изгубил контакт со повеќето негови пријатели.




Нивната средба во старечки дом за смртно болни промени се. Набргу откако се пресели во Самерфилд, Сара за прв пат разговараше со Мет. Нејзиното семејство вели дека токму тој и помогнал да најде радост во нејзината нова реалност. Тие се заљубија и станаа неразделна двојка, иако и двајцата знаеја дека нема да доживеат старост. Сара изјави дека Мет ја прави многу среќна.




Иако многумина се противеа на нивниот брак, на крајот само болеста ги раздели
Мет ја запроси Сара на танцот минатата есен. Оваа пролет тие се венчаа во друштво на нивните најблиски роднини и персоналот на старечки дом, а настанот ги остави сите во солзи. Сара со помош на други успеала да оди до олтарот, а за време на церемонијата и двајцата седеле во инвалидски колички и се држеле за раце, што им било вообичаена практика.




На нивната венчавка докторот рече дека тие се доказ дека љубовта може да се случи и среде голема несреќа. По само неколку месеци брачен живот, Мет починал. „Сара го држеше за рака и тој мирно си замина. Бог го повика дома“, вели мајката на Сара, Тери.




Иако на Сара многу и недостига, таа се теши со сознанието дека е на небото со Исус и дека повеќе не боледува од подмолна болест. Тој со нетрпение го очекува денот кога повторно ќе се сретнат.