Храбриот Оливер (3) нема нозе, но трча на сите страни: Прекрасен гест на тинејџер ќе ви го стопи срцето

Малиот Оливер Бакингем (3) од САД е роден без нозе, со оштетен слух и се уште не зборува, но еден прекрасен гест на непознат тинејџер ја разубави неговата Нова година и ги стопи срцата на милиони луѓе на Интернет. Трогателно видео од мало дете кое седи само во парк додека постаро момче не му пријде со фудбал, го погледнаа неколку милиони луѓе.




Отпрвин, Оливер го гледаше својот нов пријател како ја фрла топката во страв. Тогаш постарото момче клекна и му го подаде, а Оливер му го фрли назад. Мајката на момчето Брук Бакингем (24) била пресреќна што потполно странец му посветил внимание и му го разубавил денот, а убавата сцена се случила ден пред Нова година.




Оливер беше толку возбуден! Тој само отиде, седна во нивна близина, ја гледаше топката како оди напред-назад и беше фасциниран од неа. Секој пат кога тинејџерот му ја фрлаше топката на тато, Оливер го имитираше – изјави Брук. Играта продолжи во следните пет минути пред момците да се простат.




Се згрози кога мораа да си заминат! Тинејџерот никогаш не ме праша зошто Оливер нема нозе или нешто слично. Беше само дете во тој момент, како што треба! – рече пресреќната мама. Брук и нејзиниот сопруг Џејкоб не успеале да најдат никакви информации за тинејџерот со кој си играл Оливер, но Брук се надева дека со објавување на видеото на TikTok, можеби ќе успее да го пронајде.




Нашето семејство само сака да му каже на овој тинејџер колку е прекрасен – додава Брук. Инаку, малиот тешко си игра со другите деца на негова возраст, па мама била пресреќна од гестот на потполно непознат. Оливер е неверојатно друштвен и љубопитен млад човек. Кога одиме во паркови или каде било, тој сака да комуницира со луѓе – објаснува мајката на момчето, која има уште две деца.




Оливер е роден во 36-та недела од бременоста и тежел само 2,46 килограми. На само десет месеци почнал сам да се превртува и да скока, а оттогаш се засилува.




Мајка му сака да го нарекува воин бидејќи не дозволува ништо да го забави, туку постојано изведува акробации.