Бебето му пријде на кучето и го прегрна, видеото е прегледано пет милиони пати

На кучето воопшто не му пречело што бебето само сакало да се гушка со него

На Твитер е објавено видео од златен ретривер и бебе . На видеото бебето му приоѓа на кучето и му ја допира муцката. Наскоро таа го прегрнува со рацете и нозете, а таа и кучето паѓаат на подот и остануваат да лежат.

На кучето воопшто не му пречело што бебето само сакало да се гушка со него. Понекогаш ви треба само прегратка – пишува во описот на видеото кое е прегледано пет милиони пати.

Луѓето се воодушевени од видеото.

„Ова е прекрасно“, „Какво мирно куче“, „Денес ми требаше ова видео“, „Ретриверите се најдобри кучиња“, „Какво убаво куче“, „Кучињата се најдобри“, се дел од коментарите.