Султанот Косен е висок 2,51 метар и е највисокиот човек на светот

Среќен е, како што рече, што имал можност да го пропатува светот и да ја претстави својата земја Турскиот султан Косен од градот Мардин е висок два метри и 51 сантиметар и ја носи титулата за највисок човек на светот.




Деновиве во Мардин се одржува натпревар по фотографија наречен „Национално фото сафари Мардин“, а учесниците и членовите на жирито на овој натпревар решија да го посетат султанот Косен, кој живее во селото Дерик, во близина на Мардин. Го посетиле во дом специјално дизајниран за него.




Покрај висината од 2,51 метри, Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најдолгите дланки (36,5 сантиметри) и најдолгите стапала (36,5 сантиметри).




Косен им се заблагодари на фотографите за посетата и не го криеше задоволството, а учесниците на натпреварот ја искористија оваа прилика да ги снимат и неговите фотографии.




„Највисокиот човек на светот“ откри дека досега посетил дури 127 земји во светот, а во исто време се борел со здравствени проблеми. Тој рече дека животот му го поминува под надзор на лекари, како и дека неговото семејство живее од земјоделство.




Среќен е, како што рече, што имал можност да го пропатува светот и да ја претстави својата земја.