Најпознатата љубовница советува: Ако сакате да уловите богаташ, мора да гледате ЕДНА работа!

Што ги прави богатите различни од останатите? Сигурно нема потреба да се сомневаме во нејзиното искуство, а Гвенет Ли (50) која гордо вели дека е најпознатата сериска љубовница во светот, овојпат ги советува жените како да „фатат“ богат маж. Гвенет, која неодамна се пофали дека спиела со 1.000 оженети мажи, има едноставен совет:

Сериската љубовница сака да ужива со богати и успешни мажи, а повеќето од нив ги наоѓа на Интернет и на страниците за запознавање. Сепак, таа е среќна што ги запознава и на бројни настани кои добростојните мажи сакаат да ги посетуваат: приватни уметнички изложби, аукциски куќи, ревии за автомобили и часовници.

Повеќе внимание треба да се посвети на мажите кои пазарат, а не на оние кои се таму само за да се дружат, бидејќи првите навистина имаат пари. Некој што е навистина богат не се фали со брендирана облека, на која насекаде има лого на некоја скапа и луксузна модна куќа – рече таа и истакна дека богатите луѓе не се облекуваат така.

Таа објасни дека богаташите обично носат кожен часовник и ист пар чевли што ги имаат во три различни бои, бидејќи претпочитаат да избираат и да го ценат квалитетот. Таа објасни и дека е подобро да се избере маж со самодоверба.

Мажите кои се избориле низ животот и заработиле сè сами, всушност не се заинтересирани за пари. Сакаат да те запознаат, да разговараат со тебе и да остварат вистински контакт и врска, бидејќи за нив тоа е вистинското богатство – заклучи Гвенет.