Се омажила за роднина, на свадбата го поканила целиот град, а младоженецот имал 73 кумови (ВИДЕО)

Свадбата на Шантел Кили, која се омажи за нејзиниот братучед Џим, ја следеа и телевизиските камери, а на прославата беше поканет целиот град.




Станува збор за необичните обичаи на едно семејство патници во Ирска. Имено, нивната свадбена сезона започнува во декември, а потоа следните 10 месеци ги поминуваат во патување.




Сепак, раскошната венчавка на Шантел ја обезбеди нејзиното семејство со плаќање мираз кој изнесува меѓу 50.000 и 120.000 евра.




Не е чудно што невестата решила да има седум деверици кои имале шарени креации, додека венчаницата содржела дури 20.000 кристали.




Младоженецот Џим, пак, се фокусирал на гостите, решил да има дури 73 кумови.