Ја реновирал бањата, па нашол нешто во ЅИДОТ што го изненадило: Не знам од каде ОВА (ФОТО)

Хамбургерите беа извиткани, а помфритот беше половина изеден. Еден човек од Илиноис останал запрепастен кога во ѕидот на неговата бања пронашол оброк од Мекдоналдс стар шест децении. Роб Џонс и неговата сопруга го ваделе држачот за ролни тоалетна хартија од ѕидот и токму на тоа место кога го дупнале ѕидот, ги чекало изненадување.

Во шуплината меѓу гипс картонот е пронајден хамбургер од Мекдоналдс од 1950-тите, како и полуизеден помфрит. Не се знае точно од која година потекнуваат, но се знае дека куќата е изградена во 1959 година, затоа најверојатно потекнува од шестата деценија на 20 век. Ја извадивме крпата и почувствувавме дека нешто е завиткано во неа.

На крајот, имавме среќа што најдовме чанта од Мекдоналдс, а не нешто поопасно – изјави Џонс за еден медиум. Ресторан на Мекдоналдс кој е отворен во 1955 година се наоѓа на неколку стотини метри од куќата на Роб, па се претпоставува дека претходниот сопственик оставил или заборавил хамбургер и помфрит во ѕидот од куќата за време на изградбата, кој потоа бил покриен со гипс картон.

Коментарите на мрежите беа секакви, од хумористични до посериозни, а многумина ги интересираше мирисот и вкусот. Секако дека не сум пробал, не знам каков вкус има. Што се однесува до мирисот, тој воопшто не смрдеше, ниту се собраа стаорци и бубачки – изјави Роб, кој ја сподели сцената на Редит