Me изневери сопственото семејство – Мојата мајка се гледала со мојот дечко, а пак сега и мојот сопруг се гледал со мојата сестра. Повеќе незнам што да правам

Анонимна жена се пожали дека повеќе не знае како да се справи со предавствата кои ги доживеала од семејството. Иако сега е во нова врска, постои страв дека некој од нејзиното семејство повторно ќе се меша. Кога имав 15 години, мајка ми тогаш се гледала со мојот дечко. Тогаш имаше 38 години и мислев дека е среќно мажена. Како што можете да замислите, тоа беше страшен шок за мене – рекла жената.

Подоцна, откако се омажив и родив дете, се уверив дека мојата сестра близначка се гледа со мојот сопруг. Сега, повеќе од 20 години подоцна, се наоѓам среде грд развод и траумата од се што ми се случи се уште е со мене. Во нова врска сум, но, со оглед на предавствата што ги доживеав претходно, се плашам како емотивно ќе се снајдам со нова врска – додала таа.

Таа се обрати до Колин Нолан, колумнистот на Мирор, за совет за оваа приказна. Таа одговори дека болниот развод сигурно ќе разбуди тешки спомени и емоции од минатото. Имајќи го предвид она што ви се случило во минатото, би било паметно да ги преземате работите полека со нова врска, да не брзате во ништо.

Ако вашиот нов партнер ве сака, ќе разбере дека носите голем емотивен багаж и ќе се прилагоди на вашето темпо – советувала таа. Фокусирајте се на разводот и ставање крај пред да вложите време и труд во нова врска, пишува Mirror. Што се однесува до справувањето со емоционалната траума, навистина верувам дека стручната помош би ви помогнала.

Не само да ви помогне во процесот на развод, туку и да го решите она што се случи со мајка ти и сестра ти. Ако никогаш не сте зборувале за овие предавства, разговорот може да ви помогне да се соочите со тоа, да се помирите со она што се случило и да продолжите понатаму. На тој начин би можеле да и пристапите на вашата нова врска чувствувајќи се посилни и попозитивни – заклучила таа