Го фати сопругот како го прави ОВА на нивната свадба, веднаш реши да се РАЗВЕДИ: Мрежите се вжештија (ВИДЕО)

Изгледа дека Блејк е непоправлив бидејќи истиот потег го повторил и на туѓа венчавка За многу мажи фудбалот е најважната работа на светот, а има неколку работи кои би ги натерале да ги пропуштат натпреварите на нивниот омилен клуб. Оваа теорија ја потврдил еден човек на сопствената свадба.

Наместо да ужива во најсреќниот ден со сопругата, пријателите и роднините, тој го гледал натпреварот на свадбената маса. А да биде уште полошо, истото го направи и на свадбата на брат му. Блејк Расел доживеа голема популарност во 2021 година. За тоа беше доволно едно видео на TikTok на кое се гледа како тој гледа фудбал на својата свадба, додека се преправа дека ја гледа свадбената торта. Всушност, до неа ставил мобилен телефон за да го следи преносот.

Изгледа дека Блејк е непоправлив бидејќи истиот потег го повторил и на туѓа венчавка. Додека сите гости играле и пееле, тој заедно со младенците го ставил мобилниот телефон на масата и ја гледал играта. Неговата сопруга Данијела решила да го објави видеото на социјалните мрежи каде истакнала дека би сакала некои работи да се сменат, но дека тоа е далеку од вистината. Потоа напишала дека сака развод и ги прашала следбениците дали се со неа.

„Веднаш би го оставил мојот сопруг доколку ја гледаше играта на нашата свадба“, „Жено, не претерувај“ „Ова се клучни натпревари, не треба да го обвинувате“ „Драга и јас ја одложивме нашата венчавка кога сфативме дека сме го избрале истиот датум кога се натпреваруваа Австралија и Нов Зеланд“, беа дел од коментарите.