Девојка сватила дека момчето ја изневерува и смислила пеколна освета – Ретко кој би се осмелил на овај потег, а и неговото семејство е замешано

За неа важи изразот: „Одмаздата се служи ладна“.




Лив Портилио, сопственичката на брендот „DBL Jewellery“, секојдневно објавува видеа на TikTok, на кои покажува како изгледа процесот на дизајнирање и изработка на накит. Сепак, последната објава беше нешто поинаква и шокираше многумина, но и ги насмеа.




Една девојка побарала да направи ланче со три женски имиња, а потоа објаснила зошто. Таа дознала, како што пренесува The Sun, дека нејзиниот партнер бил неверен и сакала да му се одмазди и да го разоткрие пред целото семејство.




Планот бил да направи ланче со имињата на неговите љубовници и да му го подари за шестгодишнината од врската, но и раскинувањето. Лив го сними процесот на изработка на нараквицата и гравирањето на имињата на Ешли, Џенезис и Карен, а видеото го погледнаа повеќе од милион корисници кои не го криеја својот ентузијазам за овој план.




„Се надевам само дека девојката ќе ја сними неговата реакција и ќе ја сподели.