„Само се погледнавме“: Му менуваше пелена на бебето на другарката, па виде чуден белег – животот и пропадна

Измамата е, за жал, една од вообичаените теми на денешницата, а обично луѓето не се ни свесни кој може да прави сè „зад нивни грб“. Такво искуство доживеала и мајка на четири деца која најблиските луѓе ја проболе во грб.

Имено, мајката на четири деца открила дека нејзиниот сопруг спиел со нејзината најдобра другарка откако жената се породила, бидејќи новороденчето го имало истиот роден белег како и нејзиниот син. Таа откри дека нејзината пријателка, односно љубовникот на нејзиниот сопруг ја замолила да присуствува на породувањето, што таа со задоволство го прифатила.

Меѓутоа, само неколку дена подоцна останала шокирана кога и помагала на другарката да го пресоблече бебето, а видела роден белег кој го има и нејзиниот син, а кој му го „пренел“ татко му. Жената потоа се соочила со неа, а нејзината пријателка и признала дека нејзиниот сопруг е всушност таткото на бебето.

Само се погледнавме и морав да заминам. Ми требаше момент да размислам што да правам во оваа ситуација – објаснила шокираната жена.