Родители на тројка во проблем – Погледнете што направиле за да знаат кое е кое дете

Ова не е мода, јас и мојот сопруг бевме навистина во неволја. Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени.
Во еден момент се плашевме дека нема да можеме да ги научиме да одговараат на нивните имиња, рече Карен (33).

Британската двојка Карен и Јан Гилберт од градот Понтипул во британскиот Велс дошле на идеја бојосување на ноктите на нивните тројни ќерки со различни бои, за да може да се знае која е која.

Имено, бебињата од само неколку месеци толку многу личат едно на друго што ни нивните родени родители не можат да ги препознаат и да им се обраќаат по име.

Ова не е моден тренд, јас и мојот сопруг бевме навистина во неволја. Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени. Во еден момент се плашевме дека нема да можеме да ги научиме да си одговараат на нивните имиња – рекла Карен (33) и додала дека се надева дека со текот на времето девојките малку помалку ќе личат една на друга, бидејќи во нивните тинејџерски години сигурно нема да можат да ги одбележат.

Фион, Медисон и Пејџ брзо станаа хит на интернет.