Ја правите најголемата грешка: Зошто никогаш не треба да ја отстранувате шминката со влажни марамчиња (ВИДЕО)

Грижете се за вашата кожа и правилно отстранете ја шминката на крајот од денот Ако сте навикнати да ја отстранувате шминката со влажни марамчиња, треба веднаш да престанете да го правите тоа.




Имено, иако мислите дека можеби е практично и едноставно решение и дека ќе ви помогне да ја отстраните целата шминка од вашата кожа за само неколку секунди, всушност долгорочно ќе направите уште поголема штета.




Со отстранување на шминката со помош на влажни марамчиња, ја „туркате“ шминката подлабоко во порите, што може да доведе до затворање на истите и големи проблеми со кожата.




Од друга страна, ако користите мицеларна вода за отстранување на шминката, таа како магнет ќе ја собере шминката и успешно ќе ја отстрани од вашето лице.




Ова можете да го видите во видеото кое кружи на социјалните мрежи, каде дерматолозите покажаа што му прави на лицето вадењето шминка со влажни марамчиња.