Најголемиот лавиринт во Европа е создаден во форма на лего фигура

Џиновската минифигура на Лего во лавиринтот е висока преку 150 метри По повод 90-годишнината од компанијата Лего, во Северен Јоркшир е изграден најголемиот лавиринт во Европа во форма на лего фигура, која е 3.500 пати поголема од вистинската.

Лавиринтот на површина поголема од осум фудбалски игралишта е уште еден одличен начин семејствата да играат заедно и едвај чекаме сите да го видат дизајнот на лавиринтот одозгора – изјавиле претставниците на компанијата Лего, а пренесуваат од медиумите во Бриндизи. Од воздухот може да се забележи дека лавиринтот е во форма на препознатлива фигура на Лего – робот кој пробива ѕид од тули, со зборовите „90 години игра“ додека на дното е логото на компанијата Лего, со потсетување на земјата од која доаѓа – Данска, и годината кога е основана во 1932 година.

Наградна игра
Сопственикот на просторот каде што е изграден Лавиринтот, со површина од 15 хектари, вели дека лего лавиринтот му е важен бидејќи тој и неговите деца, како и целото семејство ги сакаат лего фигурините и коцките и дека тие се прашање на живот, а не на возраст.

Тој додаде дека Лего создал и наградна игра во која треба да пронајдете шест лего фигурини во лавиринт, а потоа да одговорите на неколку прашања, а наградата е загарантирана.

Милион зрна
Лавиринтот, кој е креација на локалниот фармер Том Пеци и опфаќа 15 ари, односно осум фудбалски игралишта, е најголемиот и најпосетуван лавиринт во Европа и еден од најголемите во светот.

Составен е од растенија одгледувани од милион зрна пченка засадени во април, а GPS технологијата се користи за создавање на патеките на лавиринтот.

Џиновската минифигура на Лего во лавиринтот е висока преку 150 метри и повеќе од 3.500 пати поголема од вистинската минифигура на Лего.