Бездомничка го воодушеви светот со својот ангелски глас: Полицаец случајно ја снимил како пее

Полицаецот Хектор Гузман снимил жена како пее опера од Пучини во метрото во Лос Анџелес, по што видеото стана вистински хит на интернет.




За само три дена видеото го погледнале 270.000 луѓе. Жената се вика Емили Замурка (52), која дошла во САД пред неколку децении. Таа рече дека поради здравствени проблеми завршила на улица.




Имено, за да ги покрие сите трошоци, таа почнала да свири на улица, но и ја украле виолината, па оттогаш сè и тргнало надолу. Таа рече дека сака да пее во метро поради акустиката што ја потсетува на настап во сала и се надева дека нејзината новооткриена слава ќе и помогне да застане на нозе.




„Би била многу благодарна на секој што ќе се обиде да ми помогне да излезам од улиците и да си го добијам својот дом и мојот инструмент“, изјави Емили за ABC7.