Неверојатна приказна за жена која морала да се откаже од ногата за да ја роди ќерка си

Кејтлин Конер (29) од Тексас доживеала тешка сообраќајна несреќа додека возела мотор, а дури во болница дознала дека е бремена во четвртата недела.

Морала да оди на низа операции за да не ја изгуби ногата и со тоа да го доведе во ризик своето неродено дете.

Морала да избере помеѓу ампутација на ногата и прекинување на бременоста, па решила да го задржи детето. „Беше убава вечер, па јас и мојот партнер решивме да се возиме со мотор до куќата на неговите родители. Од спротивната страна доаѓаше една млада жена, која не не виде бидејќи и пишуваше пораки на телефон додека возеше. Видовме дека ќе се судрат со нас.

Го прелетав моторот, се тркалав и потоа застанав. Седнав и погледнав во ногата и мојот лев зглоб беше свртен навнатре“, рече Кејтлин. Таа имаше шест операции за отстранување на коската и пополнување на дупката на нејзиниот зглоб. По две недели одлучила дека нема смисла да и ја спасува ногата. Таа поради бременоста примила најмала доза анестезија и мали дози на антибиотици и знаела дека ја донела вистинската одлука.

„Штом дознав дека сум бремена, се се смени. Бебето беше во преден план. Ногата не ме дефинира како личност, но детето ќе ми го одбележи животот“, додала Кејтлин.

За време на бременоста, Кејтлин научила повторно да оди и има протеза на ногата. Таа направи се што можеше за нормално да игра и да трча по ќерка си. Таа откри и дека ужива во многу спортови како трчање, пливање, скијање, бокс и велосипедизам, покрај тоа што вежба за зајакнување на мускулите.