Сопругата ненадејно починала и го оставила сам со пет деца: Подоцна го нашол она што таа го криела

Една жена ненадејно починала по породувањето и го оставила сопругот сам со пет деца. По нејзината смрт го пронашол тоа што таа го криела.
Млад пар чија приказна можете да ја прочитате подолу не убеди дека животот е многу непредвидлив и може да се промени за дел од секундата. Касија и Џо Рот мислеа дека имаат преслатка тројка која ќе им стави крај на сите нивни страдања во животот.




Тие двајца се запознале во 2004 година на работа и се заљубиле. Две години подоцна се венчаа. Во 2015 година, Кеси и Џо дознаа дека имаат тројки. Тоа значело дека ќе имаат пет деца помали од 7 години. Двете постари ќерки не можеа да ги пречекаат новите членови на семејството. И тогаш се се смени…




Џо итно ја однел во болница, каде лекарите откриле дека има згрутчување на крвта во белите дробови. На 29 јануари 2016 година, Касија родила две момчиња и едно девојче. Таа набрзо оздравела, но два дена откако била пуштена дома, ја разбудила остра болка во градите. Понатамошните тестови покажаа дека Касија нема повеќе згрутчување, туку дека нејзиното срце било под притисок. Во тој момент таа немала други симптоми и била пуштена дома.




Само 10 дена откако се роди чудотворната тројка, нивниот живот се промени за миг. Џо ги земал своите постари ќерки од училиште за да поминува време дома. Тој ден ќе го паметат засекогаш, бидејќи Касија тој ден ненадејно почина. Се испоставило дека таа без ничие знаење земала лекови против згрутчување, кои во комбинација со хормони и лекови по породувањето имале фатален ефект.




Нема зборови со кои може да се опишат шокот и болката што ги почувствува Џо. Имаше моменти кога Џо мислеше дека ќе се откаже од својата болка и тага. Сега тој се прилагодува на животот на своите пет деца. Тој признава дека понекогаш е тешко да се постигне рамнотежа. „Треба да бидете тука за вашите деца. Не можете туку така да се откажете, кога знаете дека од вас зависат пет мали деца“, изјави Џо.




Оваа ситуација најдобро ја опишува натписот на нивната страница: „Сега целото мое внимание и одговорност го посветувам на овие мали суштества, споменот на нивната мајка сега живее низ нив“.