Татко објави слика од раката на својот син, а потоа го откри значењетo на трагите со молив

Татко на Твитер сподели слика од раката на својот син покриена со црн молив и го откри нивното застрашувачко значење. Татко со скршено срце сподели навидум невина фотографија од раката на неговиот син на вториот ден од средното училиште. Тој ја фотографирал раката на неговиот син, која била покриена со црни траги од молив, поточно 21 ред, што всушност претставува колку пати бил малтретиран од децата во училиштето

„Тој направи запис на раката за тоа колку бил малтретиран, вербално или физички, во последните два дена“, напишал таткото Метју Берд од ОК.
Тој додаде дека секојдневието на неговиот син на училиште му го крши срцето и повика на построги казни за насилниците. „Училиштата мора поостро да се справуваат со насилниците, нивните родители да бидат казнети“, смета тој.

Повеќето родители мислат дека нивните деца се безбедни на училиште
Тој вели дека ја споделил оваа фотографија за да им покаже на родителите што може да им се случи на нивните деца, иако повеќето мислат дека нивните деца се безбедни на училиште.

„Тој сакаше да ни покаже колку често тоа се случува во два училишни дена. Едноставно не знаеш што се случува затоа што не си таму како родител“, истакна тој.

Многу родители признале дека нивните деца биле малтретирани од врсници, што кај жртвите може да предизвика проблеми со спиењето, губење апетит, проблеми со концентрацијата, проблеми на училиште, создавање лоша слика за себе, мисли за самоповредување, самоубиствени мисли, осаменост. , страв , збунетост, чувство на несигурност и тага.

Детската линија за помош ги советува жртвите на насилство од врсници да се дистанцираат од насилникот, да не се одмаздуваат, да најдат возрасно лице на кое им веруваат и да им се обратат за помош и да го пријават насилникот за нападот.