На 93 години, баба лета врзана за авион (ВИДЕО)

Г-ѓа Бромиџ рече дека дошла на идеја да се качи на небо додека гледала реклама за бонбони Бети Бромаџ, 93-годишната Нана, штотуку ја заврши својата петта добротворна мисија. Овој пат нејзиниот необичен потег бил, како што рече, инспириран од реклама за чоколади, а во прашање е лет „во авион“.

Нана, од Челтенхем, Глостершир, го извела успешниот лет додека била врзана за авионот над аеродромот Рендкомб, во близина на Сиренстер. Со овој потег, а не за прв пат, таа реши да го привлече вниманието на оние на кои им е потребна хуманитарна помош и да повика на донации за помош на добротворната организација за палијативна нега во чии рамки се наоѓа медицинскиот центар „Сју Рајдер“.

Г-ѓа Бромиџ рече дека дошла на идеја да се качи на небо додека гледала реклама за бонбони. Сакав да го направам ова за да си докажам дека можам – изјавила жената која е во десеттата деценија од животот.

Летањето на овој начин не е нешто за што размислував, но сакав да соберам средства за добротворни цели, па почнав да размислувам за работи што можам да ги направам. На мои години не можам да трчам, па барав други идеи и готово – летав како во реклама – рекла бабата.

Бети Бромаџ, која има артритис и пејсмејкер, собира средства од својата 87 година и веќе собра повеќе од 23.000 фунти за локалните добротворни цели.