Момчето тврди дека е алергично на домашна задача, видеото стана хит

На социјалните мрежи се појави хит видео кое го снимила мајка на момче (11) од Кина, кое се преправало дека е алергично на мирисот на домашната задача. Момчето не си ја завршило домашната задача, па се обидело да избега од обврските.




Тој и кажувал на мајка си дека постојано му солзат очите, а цело време држел марамче преку носот и тврдел дека не се чувствува добро. На што си алергичен? – го прашала мајка му, а тој потоа одговорил дека е алергичен на мирисот на книгите. Тогаш мајка му го прашала како да ги ублажи симптомите.




Момчето не и одговорило, туку го стуткало марамчето во топка и го ставило во носот. Потоа му тече солза по лицето.




Кога мајка му предложила да одат во болница, тој веднаш одбил, а потоа мајка му му рекла да престане да се преправа дека е алергичен и да си ја заврши домашната задача.




Таа подоцна за кинеските медиуми изјавила дека момчето претходно се обидело на различни начини да ги избегне обврските.
Mali Kinez alergičan na domaći 😂 pic.twitter.com/CGDda2tLGn
— Kalabaster (@KalabasterJak) September 14, 2022