Тие го посвоиле девојчето мислејќи дека нивните маки завршиле. После 10 години откриваат тајна која им го менува животот

Парот од Кентаки (САД), Лиза и Џин Лампкинс, со љубов посвоиле четири сирачиња од Кина пред 11 години. Една од нив беше Обри, која се бореше со церебрална парализа и емоционална траума откако беше малтретирана и запоставена од нејзината родена мајка. Сепак, семејството Лампкинс успеа да ја врати насмевката на нејзиното лице со нов дом во Џорџтаун, стотици милји далеку од нејзиното родно место.




Лампкинс веќе имаа две биолошки деца пред да ги посвојат сирачињата и сега нивното семејство беше комплетирано. Сепак, не очекуваа дека една објава на Фејсбук може да им промени се. Додека била на Фејсбук, Лиза Лампкинс случајно пронашла слика од сираче кое многу личи на Обри. „Бев шокирана кога видов колку личат“, се сеќава Лиза на тој момент. „Во истиот момент ми се разбуди мајчинскиот инстинкт и бев сигурнa дека тие две се сестри.




Иако делеле многу заедничко, строгиот закон за едно дете во Кина го направи тоа помалку веројатно. Меѓутоа, ДНК-тестот докажа дека тие две всушност се сестри. Сестрата на Обри, Ејвери, исто така имала церебрална парализа, а семејството Лампкинс знаело дека е време да се сретнат со сестрите. Но, се појавија пречки кои не ги очекуваа.




Сакајќи да ja посвојат и Ејвори, семејството Лампкинс падна во финансиска криза бидејќи посвојувањето чинеше над 35.000 долари по дете. Не само што парите беа проблем, туку и времето. Ејвори требаше да наполни 14 години, што би ја направило премногу стара за да биде посвоена. Лумпкинс мораше да дејствува побрзо.




Очајни да ja донесат Ејвери во семејството, семејството Лампкинс започна со собирање средства за да соберат пари за посвојувањето. Кампањата се покажа успешна и тие собраа над 50.000 долари, што им овозможи да ги добијат правните документи за посвојување. Семејството потоа отиде во Кина и ja донесе Ејвори во нивниот нов дом.




И покрај јазичната бариера помеѓу Ејвери и Обри, сестрите веднаш сфатија дека припаѓаат заедно. Тие сакаа да бидат заедно“, вели Лиза. „Се сеќаваат на времето кога заедно беа во сиропиталиштето, но тогаш не знаеја дека се сестри“. Едноставна објава на Фејсбук успеа да се пронајдат и повторно да се спојат двете изгубени сестри и да ги исполни срцата на семејството Лампкинс.




„Тие целосно ме променија“, вели Лиза Лампкинс. „Моите вредности, она што е важно… не се важни работи како нов автомобил, пари или дијамантски прстен, има многу поважни работи во животот – а тоа е да можеш да им помагаш на другите“.