Постои објаснување – Еве зошто луѓето се лути кога се гладни

Допаминот се намалува, а тоа значи неможност да се контролираат емоциите! Ако некогаш сте се запрашале зошто луѓето се лутат кога се гладни, еве го одговорот.

Кога јадеме, центарот за наградување на мозокот ќе светне и хемикалиите познати како опиоиди ќе се ослободат во мозокот, проследено со допамин, еден од хормоните што прави да се чувствуваме среќни. Истите хормони се ослободуваат кога сте заљубени или, да речеме, кога водите љубов. Можеме да заклучиме дека мозокот постојано ќе ја бара таа награда, а вие го спречувате во тоа.

Кога сте гладни, се ослободува хормонот на глад грелин, кој се јавува како одговор на распоредот на оброци и е дизајниран да му каже на мозокот дека му е потребна енергија од храната. Мозокот обично ќе ја послуша командата, а кога не јадете, всушност го лажете вашиот мозок. Грелинот го контролира центарот за наградување во мозокот и игра прилично важна улога таму, па се чини дека е еден од факторите што предизвикуваат глад.

Доколку во овој момент не му нудите храна на мозокот, овој хормон ќе влијае на намалувањето на нивото на допамин. Со оглед на тоа што допаминот е невротрансмитер кој помага при менталните функции и концентрацијата, само мали промени во нивото на овој хормон може да предизвикаат големи промени во расположението, така што нема да имате голема контрола врз емоциите, па дури и може да се чувствувате повеќе гладни.

Една од причините зошто сте гладни е поврзана со хормонот на глад. Откако ќе се произведе грелинот, тој патува до мозокот и наредува ослободување на друг хормон, невропептид Y, кој го стимулира апетитот. Истиот хормон го контролира и расположението и емоциите како лутина и агресија. Јасно е, според истражувањата, дека високото ниво на овој хормон може да доведе и до лошо расположение.

Ако нивото на шеќер во крвта премногу падне, мозокот ќе го сфати ова како опасна ситуација и ќе им каже на неколку органи да ослободат хормон кој ќе го подигне нивото на гликоза во крвотокот. Овој процес предизвикува зголемено производство на хормони кои го претвораат гликогенот во гликоза, но и го ослободуваат хормонот на гладот.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ?
Како што можете сами да видите, постојат неколку различни патишта и механизми кои можат да придонесат да се чувствувате лути кога сте гладни. За среќа, решението е многу едноставно. Кога постои силна желба за брза, едноставна храна, како слатки, грицки и пекарски производи, тешко е да се одлучите за овошје или јаткасти плодови.

Иако брзата храна веднаш ќе ги задоволи вашите желби, несомнено ќе предизвика зголемување на гликозата во крвта, што потоа ќе опадне и ќе ве остави уште погладни. Не заборавајте да јадете и не заборавајте да изберете квалитетна храна како што се здрави масти, протеини, влакна.