Свињата испадна од камион и се тркалаше на патот ВИДЕО

Свиња што некој ја превезувал во камион со церада се тркалала на сред пат на кривина.

Необична глетка пронашла случајни минувачи кои се нашле на се уште непознат пат во Србија.

Имено, свиња која некој ја превезувал во камион со церада се тркалала на сред пат на кривина.

Од моментот кога паднала десет пати се тркалала по патот, а потоа застанала на нозе и почнала да оди.

Ова го снимил некој кој бил во возилото зад свињата.

Видеото се појави на Твитер со хумористичен натпис „СЛОБОДА“, алудирајќи на фактот дека прасето успешно го избегнало она што веројатно ќе следи.

Некои ја жалеле свињата затоа што изгледала како да се повредила самата себе, додека еден коментар насмеал многумина. Под видеото некој напишал „брза храна“.

Оној што го управувал камионот не ни забележал дека испаднала и само продолжил по својот пат.