Полицаецот забележал осамена жена, а потоа сфатил дека е во ситуација која не треба да ја игнорира

Полицаецот забележал осамена и збунета жена на паркингот, а потоа сфатил дека е во ситуација која не треба да ја игнорира. Кога полицајците Андерсон и Арбакл се упатиле кон ресторанот за брзо да јадат, не ни помислувале дека нивниот вообичаен појадок ќе се претвори во вистински случај. Откако се паркирале, забележале збунета жена како седи сама на студениот паркинг.




Но, она што им го привлече вниманието беше нејзиниот голем куфер со точки – изгледаше дека ги држеше сите работи што ги поседуваше. Полицајците веднаш тргнале кон жената, а без никакви обвинувања и поставиле неколку прашања. Но, потребни беа само неколку моменти разговор за да бидат целосно занемени. Откриле дека оваа жена е сосема сама и нема превоз.




Можеме само да нагаѓаме како се нашла во таква страшна ситуација, но бидејќи тоа беше лична работа, таа не прекрши никаков закон, па полицаецот Андерсон не ја праша за детали. Сепак, тој ја поканил во ресторан за да појадува со него и неговата колешка – се разбира, тој го платил појадокот. Додека седеа и разговараа, нешто почна да го мачи Андерсон – како оваа жена ќе се врати дома сега сосема сама во непознат град?




Но, за искусен полицаец како Андерсон, „проблемот“ на жената воопшто не бил проблем. Тоа беше всушност нешто што само требаше да се реши. Тој не сакаше само да ја нахрани, да ја поздрави и да продолжи по својот пат – тогаш работата нема да биде целосно завршена. Решил да и приреди среќен крај на нејзината приказна приредувајќи и прекрасно изненадување.




Андерсон трпеливо чекал додека сите не го завршат оброкот, а потоа ја замолил девојката да дојде до неговиот автомобил. Иако ѝ рекол да седне на задното седиште кое обично е резервирано за криминалци, таа не била во никакви проблеми. Нивната дестинација била најблиската автобуска станица каде Андерсон и купил билет на жената за дома.




Полициската станица била воодушевена од постапката на овие двајца полицајци, па ги пофалила на Фејсбук: „Полицаецот Андерсон ги покажа вредностите што треба да ги има секој полицаец – се грижеше за својата заедница и за изгубената жена на која и беше очајна потреба од помош. Тој покажа голема емпатија и почит кон неа и нејзината ситуација“.




Работата на полицаецот не е само да го спроведува законот, туку и да им помага на луѓето. Затоа нивното мото е: „Заштити и служи“. Во овој случај, овие двајца полицајци покажаа навистина неверојатна дарежливост кон една жена во неволја.