СИТЕ САКААТ ДА ЖИВЕАТ НА НЕГО: Ова е еден од најнаселените острови во светот!

Островот Мигинго, можеби е мал, но е островот каде што секој сака да живее. Се протега на само два квадратни километри, но на него живеат илјада луѓе. Додуша, официјално има 131 жител, но ситуацијата е очигледно многу поразлична од таа.

Постојат различни приказни за историјата на островот, некои тврдат дека на него дошле двајца кениски рибари Далмас Тембо и Џорџ Кибебе во 1991 година, а ги следеле и други бидејќи областа е богата со риби, пишува Oddity Central.

Островот се наоѓа на африканското езеро Викторија, помеѓу Кенија и Уганда. Технички е дел од Кенија, но Уганда тврди дека рибарите ловат на нејзина територија, поради што во 2000 година испрати војска на островот за да ги истера рибарите и да го преземе. Минатата година конечно беше постигнат договор според кој двете земји со помош на армијата ќе собираат даноци и ќе го заштитат островот од пирати.

До Мигинго се наоѓа целосно ненаселениот и поголем остров Усинго, но според легендата на него живее демон, па рибарите не сакаат да одат да живеат таму.