Тажната приказна на актерот: Имам милиони во банка, обожаватели ширум светот, но го немам единственото нешто што го сакам

Откако ќе прочитате што има да каже Морган Фримен, застанете и размислете: Дали најважното нешто во животот е да акумулирате пари? „Слушај ме и кажи нешто ако сакаш да ја промениш својата иднина. Посакувам некој да ми го кажеше ова кога бев млад“, ја започна својата приказна познатиот актер Морган Фримен…

Имам 78 години и верувам дека не ми останува уште многу време. Имам милиони долари во банка, но со тие пари не можам да купам здравје и да си го спасам животот. Имам семејство и милиони обожаватели ширум светот, но сега сум сосема сам . Го живеев животот на погрешен начин и не сакам тоа да ти се случи.

Парите сами по себе не се зло. Тоа е само хартија со одредена вредност која ни овозможува да дојдеме до други работи што ги сметаме за вредни. Ако парите не се зло, што е? Злото е опсесивна и морална страст да се сака повеќе. Злото е бездушното опсесивно-компулсивно барање тегла полна со злато на крајот на некое виножито кое не постои. Зло е кога имаме етикета на срцето и душата што по секоја цена ја менуваме за финансиски успех.

Зло е кога се обидуваме да ја купиме среќата повторно и повторно, не сфаќајќи дека тоа е само илузија која еден ден ќе исчезне. И што се случува кога ќе исчезне? Замислете да имате сè, а потоа да изгубите сè. Замислете дека сте скршени. Немате пари. Единствено решение за вас е да добиете повеќе пари, не постои такво нешто како лажна среќа.

Кој си ти сега без пари ? Каде се сега сите тие луѓе што ги сметавте за пријатели кога имавте пари? Тие што не беа со тебе за пари сигурно одамна те напуштиле мислејќи дека си егоцентричен кретен. Има поголема цел во животот од бркањето финансиски успех и не е доцна да ги промениме нашите приоритети ако сакаме. Можете да се промените денес со редефинирање на вашата дефиниција за успех. Можете да ги трансформирате вашите оштетени врски и да изградите нови. Можете да си простите себеси и на оние кои ве повредиле .

Можете да станете лидер кој ќе им помага на другите . Можете да ги балансирате вашите приоритети во животот. Можете да го излекувате вашиот брак и да создадете посилна љубов отколку што мислевте дека е можно. Можеш да станеш најдобар родител на светот , но не чекај да дојдеш до мои години. Секогаш можете да заработите повеќе пари, но никогаш не можете да го вратите времето.

Сите ќе умреме еден ден. По што сакате да бидете запаметени? Што ќе направите за да го направите светот подобро место? Која е вашата вистинска цел? Сите умираме, но само неколку од нас навистина живеат. Можете да излезете од темнината во светлината. Вие сте создадени за големи нешта. Ти си создаден за многу повеќе отколку да работиш за живот. Вие сте суштество кое треба да го инспирира светот и да им помага на другите.

Што е тоа што ќе ни помогне на овој тежок пат? Само љубов , се повеќе и повеќе љубов. Никогаш не се откажувајте, без разлика на какви тешкотии ќе наидете во животот. На светот му требате денес повеќе од кога било. Само со љубов, сочувство и простување можеме да го победиме злото.

Што кажа? Пораката на актерот навистина не е за отфрлање. Размислете за тоа.