„Почина момчето на мојата сопруга, се викаше Немања“: Кога се роди бебето, сопругот се одлучи на НЕВЕРОЈАТЕН потег

Тој направи необичен чекор. Искрената исповед на едниот сопруг трогна многу корисници на социјалните мрежи. Со својот текст успеа да ја врати вербата во љубовта и луѓето. Имено, споменатиот сопруг во една прилика сподели со јавноста дека секој ден ја гледа неговата сопруга како страда по нејзиното трагично повредено поранешно момче. Наместо тоа да влијае на него и да му пречи, тој решил да направи поинаков чекор.




Ова е неговата приказна: Момчето на мојата сопруга загина во тешка сообраќајна несреќа, две години пред да се запознаеме. Многу го сакаше, односно и денес после 10 години го сака, но тоа не ми пречи.




Кога се запознавме, таа мислеше дека ќе ја оставам поради тоа, бидејќи ми рече дека друг маж никогаш нема да постои за неа, туку напротив, се трудам секој ден, да не го заборави, туку да почни да живее, да биди среќна и секоја насмевка на нејзиното лице ми значи повеќе од куфер со злато.




Често ја наоѓав како плаче, психички паѓа, но се се смени откако забремени. Потоа, штом дознавме дека е бремена, и реков дека ако е машко, ќе го крстиме бебето по трагично починатото момче.




Луѓе мои, немате поим колку среќа се појави на нејзиното лице. Немања, нашиот син денес има шест години и со своето доаѓање на овој свет им донесе многу среќа на сите.




Можеби некои нема да можат да сфатат, но мојата сопруга е толку добра личност што е неописливо задоволство да се биде нејзин сопруг, без разлика на се и без разлика на се, ќе продолжам да се трудам да ја направам среќна личност, бидејќи кога таа е среќна, и јас сум, и ништо повеќе не ми треба – заклучил мажот.