Само на Балканот! Станар си ја смени фасадата “Него нека му е убаво, на кого му е грижа за другите”

Станарите на една стара зграда во Белград, Србија, не можеле да се договорат за декорацијата на фасадата, која била прилично дотраена, па станарот на последниот кат решил да ги преземе работите во свои раце.

На социјалните мрежи деновиве кружат фотографии од интересно „реновирање“ на фасада на стара зграда во Белград. Имено, станарите не можеле да се договорат за реновирање на фасадата на зградата, па станарот од најгорниот кат решил работите да ги преземе во свои раце.

Ја реновирал фасадата само на делот од зградата каде што се наоѓа неговиот стан На зградата која е прилично дотраена сега се издвојува блескавата бела фасада.

Предизвика голема дебата на социјалните мрежи.“ Нека си помине убаво, кој се грижи за другите“, „Ова е хорор“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.