НЕВЕРОЈАТНО: Веслала на даска кога покрај неа од длабочините излегло ова! (ВИДЕО)

Една госпоѓа лежерно веслала на даска во заливот Халф Мун, Калифорнија, кога наеднаш од длабочините излетал кит.

Вистински, убав, грбав кит скокнал од морето и за малку ќе ја соборел.

Вивиана Гузман, на која налетал китот, признава дека била исплашена, но некако успеала да се собере и да остане на даската.

„Смирено веслав, кога млад грбав кит скокна од водата и се фрли веднаш до мене“, напиша таа под својата објава на Јутјуб.