Видеото од братска љубов ги трогна социјалните мрежи: Кога сестра му е тажна, еве што прави!

Преслаткото видео од братска љубов ги трогна социјалните мрежи! Сарахане Мора, мајка на две деца од Калифорнија, објави видео на Инстаграм на кое се гледа како нејзиниот син Џексон ја теши својата сестра Фрили откако ја удри топка во лицето.

Малото дуо игра кошарка, а во моментот кога Фрили се обидува да ја стави топката во кош, таа ја удира во лице и веднаш почнува да плаче. Во исто време, нејзиниот постар брат почна нежно да ја теши и охрабрува.

“Добро е. Силна си“, ѝ вели, а потоа ја зема и таа го постигнува кошот и почнува да се смее.

„Моите деца стануваат вирални ширејќи ја пораката за позитивност, поддршка и љубов“, напиша гордата мајка покрај видеото што го сними.
https://www.instagram.com/p/Bo7b_ErgkQj/?utm_source=ig_embed