Паметно бебе го има најслаткиот метод за спуштање по скали

Нашла необичен, но успешен начин да се спушти сама. Не е лесно кога имаш само осум месеци, не можеш да одиш, а треба да се симнеш по скалите.

За да решите таков тежок потфат, треба добро да ја користите главата. Буквално.

Ова бебе пронашло необичен, но успешен начин да се спушти самостојно. Прво ја става главата на скалата, потоа ги крева нозете и задникот, се оттурнува, а потоа ги движи рацете.

И така, чекор по чекор, со помош на главата како потпора, бебето се спушташе надолу.