Човекот се подготвил да направи селфи, не очекувал кој ќе се појави во кадарот

Потребен бил само еден човек на бродот за ова неверојатно суштество да одлучи да дојде на бродот и да стекне нов пријател.

Нешто го привлече вниманието на оваа фока, можеби тоа беше потенцијално пријателство, голема камера или нешто друго, но сепак започна прекрасна авантура.

Малата фока реши да скокне на бродот во совршен момент. Човекот немал поим дека ќе добие толку големо изненадување кога ќе реши да се слика на бродот. Во еден момент тој беше сам, а следниот миг се галеше со него преслатка фока.

На овој човек ненадејниот поздрав му беше многу смешен. Иако некои луѓе веројатно би биле шокирани, исплашени, испаничени или засрамени, овој човек навистина уживал во посетата на нов пријател.

Со оглед на тоа што веќе имал камера во рацете, одлучил да ја сними прекрасната средба наместо само да ја фотографира. Се појави фока од ведро небо и наеднаш стана пријател на маж, како и видео сензација. Фоката и човекот се свртеа кон камерата додека мажот објасни: „Ова е мојот нов пријател“.

Во тоа прекрасно видео можеме да видиме дека тие се вистински пријатели. Тие немаат многу заедничко, но тоа не ги спречи да се опуштат и да уживаат заедно. Понекогаш само да се биде близок со пријател, стар или нов, може да му го разубави денот на човекот.

Пријателското однесување на оваа фока не само што го развесели човекот туку и сите останати кои го гледаа видеото од нивното урнебесно дружење. Начинот на кој тие комуницираат е страшно смешен, но и трогателен.