На таткото не му се допаднало името кое неговата сопруга го избрала за нивната ќерка, па го сменил без нејзино знаење

Јас сум традиционален човек, сакам имиња со богата историја и длабоко значење – рече тој Еден човек ги шокираше социјалните мрежи со тоа што призна дека бил „принуден да интервенира“ за името што неговата сопруга го избрала за нивната ќерка. Во објава на социјалната мрежа Редит, тој објасни дека тој и неговата сопруга неодамна добиле девојче, но неколку месеци пред да се роди, почнале да се расправаат за името.




Тој откри дека цело време се расправале бидејќи едноставно не можеле да се договорат. Јас сум традиционален човек, сакам имиња со богата историја и длабоко значење. Од друга страна, мојата сопруга сака да го нарече нашето дете со уникатно име, кое буквално на никој друг на светот нема да му текне – објасни тој.




Некои од нејзините предлози беа: Хухи, Џоеџи, Џаба и Буза. Секој може да види дека овие имиња се апсолутно смешни и веројатно никогаш нема да добијат респектабилна работа – продолжи тој. Наместо тоа, тој предложи имиња како Амелија, Ела или Софија, но неговата сопруга рече дека тие се премногу обични.




Кога неговата сопруга решила да го крсти девојчето „Буза“, тој одбил и и рекол дека никој нема да ја сфати сериозно со такво име и дека таа само бара уникатно име без да размислува што всушност и одговара. Така тој ги презеде работите во свои раце. Видов дека е одлучна за името што го избра, а не можев да ја убедам во спротивното. Следното утро отидов да го регистрирам името на нашата ќерка, бидејќи бев загрижен дека таа ќе го направи тоа пред мене.




Избрав навистина убаво име што не беше премногу старомодно и мислев дека на жена ми ќе и биде добро со тоа. Меѓутоа, кога дојдов дома и и кажав, таа беше бесна – искрен беше овој човек. Корисниците на оваа социјална мрежа останаа запрепастени, но повеќето од нив застанаа на страната на таткото.




Двајцата постапивте лошо, но се обложувам дека детето еден ден ќе биде благодарно што таткото донел таква одлука – напишала една личност. Искрено, ако неговата сопруга била одлучна за Буза и никако не била отворена за разговор, што е објективно лошо, тогаш ова е вистинската одлука. Како татко му должи на детето да го заштити – напишала друга личност.




Што мислите за постапката на овој татко? Споделете ги вашите размислувања со нас…