Лекарите ги повикале родителите да се простат од своето бебе. Кога ги исклучија уредите следеше ЧУДО

Лекарите ги повикале родителите да се простат од своето бебе. Им рекоа дека мора да ги исклучат машините бидејќи нема надеж. Кога ги исклучиле уредите, момчето го стиснало прстот на мајка си и ја погледнало… Калеб Крук, 15-месечно момче од Велика Британија реши да живее и покрај најлошите прогнози на лекарите.

По раѓањето го одржувале во живот со машини бидејќи се родил со тешко оштетување на мозокот поради недостаток на кислород за време на бременоста или породувањето. Десет дена по раѓањето, лекарите ги повикале родителите Беки и Фил да се простат од своето бебе. Им рекоа дека мора да ги исклучат машините бидејќи нема надеж.

Ги исклучиле апаратите, но момчето продолжило самостојно да дише. Тој го стисна прстот на мајка си и ја погледна како да сака да и каже дека се ќе биде во ред, да не се грижи. И покрај сложените потреби и тешките повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога го слуша гласот на својата постара сестра – изјавила Беки (30). Таа додала дека бебето го родила непланирано дома бидејќи се се случило брзо.

Беше блед, не дишеше, а телото му беше целосно опуштено, како да нема живот во него. Веднаш го ставија на апарати во болницата, а лекарите ни рекоа дека има минимална мозочна активност и дека нема надеж за неговата иднина. Го преместиле во специјализирана детска болница. Ништо не можевме да направиме за него. Не можев да верувам дека ова се случи откако бременоста беше совршена – изјавила таа, а пренесува Дејли Мејл.

На Калеб му била дијагностицирана хипоксична исхемична енцефалопатија (HIE) стадиум 3 – тешко и неповратно оштетување на мозокот предизвикано од изложеност на детето на недоволно ниво на кислород. Иако прогнозата за неговата иднина е неизвесна, семејството ужива во секој момент поминат во друштво на оваа светла и весело малечко.

Се надеваме дека ќе доживее среќа и мир, без разлика на неговите можности. Сакаме да знае колку го сакаме. Никој не знае што планира иднината за него, но тој избра да живее секој ден.

Тој е нашето вистинско чудо, ги пркоси сите очекувања на лекарите – изјавила мајката. Симптомите на хипоксичната исхемична енцефалопатија може да вклучуваат бавен пулс, слаб мускулен тонус, отежнато дишење или прекин на дишењето, синкава или бледа кожа и прекумерно ниво на киселина во крвта.

Нема лек, а се се сведува на тоа да му се помогне на детето да живее што е можно подобро со оглед на неговата состојба.