Мајка (33) има две тинејџерки, јавноста ја осудува, а таа им порачува на сите: Сега само си уживам


Одамна не ме нервираат пелени, шетање, лазење, каша – рекла таа. Непроспиени ноќи, постојан неред, готвење, грижа за детето, сето тоа и многу повеќе е составен дел од секојдневието на повеќето мајки.

Кога бебето доаѓа на свет, тоа е на прво место. Иако возраста не одредува каков родител ќе биде некој, корисникот на TikTok, Кајла (33) вели дека кога го родила своето прво дете на 18 години, најмногу наишла на коментари дека не требало да си го направи тоа.

Шокот бил уште поголем кога на неполна година, 11 месеци по првото раѓање, Кајла го родила своето второ дете. Луѓето постојано ми велеа дека си го уништив животот – сподели таа во видео на TikTok, во кое вели дека грешат, бидејќи сега, на 33 години, има деца тинејџери и живее како што отсекогаш сакала.

Одамна не се нервирам за пелени, шетање, лазење, каша – напишала во коментарите, каде што и повеќето нејзини следбеници коментираат дека изгледа многу совршено, бидејќи одамна е мама. Сега можам целосно да се посветам на себеси, бидејќи децата се независни и имаат свои обврски и интереси, па уживам во времето – изјави Кајла.

Немам повеќе потреба од дадилка, а јас имам само 33 години – задоволно изјавила и додала дека тоа што рано станала мајка и претставувало голема предност.