8 години верверица им тропала на прозорецот за да им покаже нешто

Кога Брантли Харисон и неговото семејство помогнале да се подигне мала верверица откако била нападната од був, тие не знаеле дека ќе развијат таква врска со неа.

Малата верверица имала само четири недели кога семејството Харисон ја пронашло во 2009 година, во близина на нивниот дом во Јужна Каролина.
Ја нарекоа Бела, ја нахранија и ја чуваа. Сакале да ја пуштат во дивината кога целосно ќе закрепне. Со оглед на тоа што верверицата е диво животно, тие не очекуваа дека ќе ја видат никогаш повеќе, но целосно погрешија.

Осум години Бела доаѓала во нивната куќа, скокала до прозорецот и гледала кога некој ќе ја види. Седнуваше и покрај вратата и чекаше некој да дојде и да ја забележи. Изгледаше како да ги сметаше за свое семејство и беше сосема пријатна околу нив.

Кога седеа во градината, таа доаѓаше и се дружеше со нив. Еден ден Бела повторно дојде на гости со повредена нога. Знаеше дека семејството ќе и помогне и ќе се грижи за неа, што секако и го направија.

Кога почнала со терапија и кога почнале да делуваат антибиотиците, семејството го чекало изненадување. Имено, во кафезот на Бела имало три бебиња верверички кои таа ги родила за време на рехабилитација.

Исто како што знаеше дека тоа ќе и помогне, Бела беше уверена дека ќе им помогне и на нејзините бебиња.