Беше нервозен кога го запре полицијата, почна уште повеќе да се поти кога сопругата и полицијата му ја открија неговата тајна

Никој не сака да биде запрен од полиција додека вози, особено кога е сигурен дека не прекршил никакви сообраќајни правила. Овој човек бил малку нервозен кога токму тоа му се случило, но немал поим дека го чека посебно изненадување.

Неговата сопруга која седела до него се договорила со полицаец (кого патем го познаваат) намерно да го запре за да го изненадат на посебен начин. Тоа е она што се случи.

Полицијата го запрела, полицаецот му пришол, се поздравил со него и му објаснил дека го запрел бидејќи немал детско седиште во автомобилот.

Мажот веднаш рекол дека нема дете, но тогаш жената му го покажала резултатот од тестот за бременост.

Погледнете ја неговата реакција.