Тато го изненади својот син на тренинг по 10 месеци, трогателната снимка стана хит

Војник кој се вратил дома по речиси една година го изненадил својот син за време на тренинг, а видеото допре до срцата на многумина на социјалните мрежи.




Таткото на 9-годишниот Луко, Роб Честерино, е во Јордан и Сирија од мај 2018 година. Честерино е татко на шест деца, а тој и неговата сопруга решија да го изненадат Лука, нивниот најмлад син, на неговиот теквондо тренинг кога неговиот татко пристигна четири дена порано од планираното.




Како го извлекоа? Инструкторот на Лука му ги врзал очите и му доделил три спаринг партнери. Последен од нив беше неговиот татко. Тој го препознал својот татко кога го нарекол со прекарот. Потоа го извадил превезот и скокнал во прегратките на татко му.




„Не размислуваме доволно за тоа колку е тешко за семејствата што ги оставаме зад нас“, изјави Роб за WSMV. Кога беше на теренот, можеше да разговара со својот син на секои две недели. Видеото стана хит на интернет, а многумина признаа дека не можеле да ги задржат солзите.




Погледнете го видеото