Мајката гуска ја одигра својата најважна улога досега и го измами леопардот за да ги спаси нејзините бебиња

Посетител на резерватот „Саби Сандс“ во Јужна Африка ја снимил интересната реакција на мајка гуска која забележала леопард како се приближува до нејзините бебиња.




Итрата египетска гуска знаела што треба да направи за да го избрка леопардот Хосана од местото каде што се криела со своите младенчиња. Почнала да трча околу него и да се преправа дека е повредена за леопардот да помисли дека е лесен плен.




Токму тоа се случи. Тие се повеќе и повеќе се оддалечуваа од местото каде што беа нејзините бебиња.




Таа на крајот се вратила и ги одвела на побезбедно место.