Мачката прво добила 4 мачиња, а потоа станала мајка на животните кои останале сами

Мачката Пуша веројатно не очекувала дека ќе има осум деца. Таа родила четири мачиња, а потоа посвоила четири мали верверички. Нив ги донеле човечките пријатели на Пуша кои забележале дека малите верверички останале без нивната мајка. Итно им требаше сурогат родител.




На почетокот верверичките се плашеле од мајката мачка, но подоцна се опуштиле и сфатиле дека сега се дел од семејството. Пуша ги сака и ги гушка како свои мачиња.




Работниците од паркот во кој живее мачката им носат шишиња на верверичките за да се погрижат посвоените бебиња да не гладуваат за секој случај.




Изненадувачки е да се видат како си играат и се гушкаат со својата мајка мачка, особено ако земеме во предвид дека во природата тие би биле плен на секоја возрасна мачка.