Ова момче со посебни потреби обожава да стои во дворот и да чека, мајка му снимила што го прави толку среќен

Џонатан Хаселбуш има 16 години и е момче со посебни потреби. Сака да црта, да вози и да лизга на мраз, но најмногу сака кога го посетува неговиот пријател – чистачот.

Момчето неодамна ги оставило своите цртежи на контејнерите пред куќата со надеж дека ќе им се допаднат на чистачите и ќе им го разубават работниот ден. Неговиот план успеал затоа што еден од чистачите ги зел неговите цртежи и ги однел во камионот, наместо само да ги погледне и да ги фрли во другото ѓубре.

Овој гест многу им се допадна и на Џонатан и на неговата мајка Кристина. Момчето по секоја цена сакало да се сретне со човекот кој ги спасил неговите цртежи и ги закачил во кабината.

Неколку дена подоцна повторно се видоа, а нивната средба изгледаше прекрасно. Момчето пукаше од среќа.