Две разиграни кученца освоија над 7 милиони луѓе на Фејсбук и тоа со добра причина

Две разиграни кученца Чау чау ги освоија симпатиите на над 7 милиони луѓе кои ги погледнаа на Фејсбук! И со причина!

На видеото кое се појави се гледа како двајца четириножни пријатели се „тепаат“ на симпатичен начин. Нивната „игра“ го насмеа целиот свет, а видеото се уште е хит на социјалните мрежи.

Ако не сте знаеле, ова се кучиња од расата чау чау, која важи за една од најстарите раси. Чау чау е куче кое со векови е на кинескиот двор. Кинеските цареви го чувале како чувар, ловечко куче, но, пред сè, да ја слават својата моќ и богатство. За него се грижеа слуги специјално обучени само за нив.

Чау Чау е многу интелигентно, проникливо, независно и верно куче. Целосно и засекогаш е лојален само на еден сопственик и, ако го загуби, нема да му биде верен на никој друг бидејќи не е способен за друга љубов.

Оној кој ја стекнува неговата доверба може да биде сосема сигурен во својата непоколебливост и верност.